Вие сте овде:

Јавни опомени

31.07.2017  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмет од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир  на интереси кај лицето Мустафа Мандал поради кумулација на функции  – извршување на две функции.

Имено, службеното лице, покрај функцијата директор на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија ја извршува и функцијата член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува со што ќе ја спречи кумулацијата на функции, односно состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.

Мустафа Мандал не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка  јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси  мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената  мерка ЈАВНА ОПОМЕНА  на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста


12.05.2017  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмет од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Соња Каркалашева поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси.

Имено, службеното лице, покрај функцијата член на Училишен одбор на ООУ „Петар Мусев“ Богданци ја извршува и функцијата управител на две трговски друштва: Друштво за трговија и услуги АЛУМИНКО – АЛЕКС ДООЕЛ Богданци и Друштво за производство, трговија, градежништво и услуги БОДИГ КОМПАНИ ДООЕЛ експорт-импорт Богданци.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на една од двете функции кои истовремено ги извршува со што ќе излезе од состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.

Соња Каркалашева не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста.  


24.02.2017  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмет од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Теодор Андоноски поради кумулација на функции – извршување на две функции.

Имено, службеното лице, покрај функцијата член на Управен одбор на Државен студентски дом „Никола Карев“ - Охрид ја извршува и функцијата Неизвршен член на Одбор на директори во ЕМО АД Охрид.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува со што ќе ја спречи кумулацијата на функции, односно состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.

Теодор Андоноски не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста.


16.11.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Шпенд Халили поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси:

Шпенд Халили - повреда на член 9 од Законот за спречување на судирот на интереси – истовремено со функцијата член на Управен одбор на ЈП Градски Паркинг Тетово ја извршува и функцијата управител на Трговското друштво–ДПГТ „ЈОНИ АЛШ“ ДООЕЛ експорт - импорт, с. Шипковица – Тетово.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на функцијата управител на Трговското друштво – ДПГТ „ЈОНИ АЛШ“ ДООЕЛ експорт - импорт, с. Шипковица – Тетово. 

 

Шпенд Халили не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка  јавна опомена. Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси  мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 


21.10.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Анѓелчо Узунов поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси:

Анѓелчо Узунов - повреда на член 9 од Законот за спречување на судирот на интереси – истовремено со функцијата член на Управен одбор на ЈП Комунална Чистота – Богданци ја извршува и функцијата управител на Трговското друштво–ДТУ „АРНИ ВЕТ“ ДООЕЛ, с. Стојаково – Богданци.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на функцијатауправител на Трговското друштво – ДТУ „АРНИ ВЕТ“ ДООЕЛ, с. Стојаково – Богданци. 

 

Анѓелчо Узунов не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка  јавна опомена.
Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси  мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.


13.10.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Пецо Талевски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси:

Пецо Талевски - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со член на Советот на Општина Новаци ја извршуваше и  функцијата управител на Приватната здраствена установа – Ординација по општа медицина „Д-р.Перо Талевски“, село Дедрбалци, Могила П.О.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.

Пецо Талевски постапил согласно бараното од страна на Државната комисија, односно направил промена на управителската функција на наведеното трговско друштво, но за нов управител на Приватната здраствена установа – Ординација по општа медицина „Д-р.Перо Талевски“, село Дедрбалци, Могила П.О., ја назначил лицето Светлана Костоска -Талевска, која е негово блиско лице, по што повторно се ставил во состојба на судир на интереси, за таа цел Државната комисија, повторно се обрати до Пецо Талевски со барање да превземе чекори во насока на отстранување на утврдените повреди на член 9 в.в. со член 3 став 1 алинеја 5 од Законот за спречување судир на интереси, на начин што од ова лице побара во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето,  да постапи по укажувањето на Државната комисија.

Пецо Талевски не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лице да му се изрече мерка јавна опомена.

 

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање. Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста.

 


05.09.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Незаретин Шерифовски и Медија Јахја поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси:

1) Незаретин Шерифовски – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функциите член на Советот на општина Ресен, управител на Приватна здравствена ординација-аптека „ХРИЗАНТЕМА“ П.О. Ресен и управител на трговско друштво-Друштво за производство, трговија на голема и мало, транспорт, услуги и угостителство „ЕПЛ ТРЕЈД КОМПАНИ-БАМБИ“ ДООЕЛ увоз-извоз Ресен.

2) Медија Јахја – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функциите член на Советот на општина Маврово и Ростуше и управител на Друштво за трговија угостителство и занаетчиство „ЛОКУВ ИМПОРТ 94“ Медија ДООЕЛ с.Требиште-Ростуше.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.

Незаретин Шерифовски и Медија Јахја не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да и се изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста.


15.07.2016 Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси, констатира состојба на судир на интереси кај лицето Лавдурим Вејселовски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси, односно, именуваното лице, покрај функцијата член на Советот на Општина Центар Жупа ја извршуваше и функцијата управител на трговското друштво – Градежно, производно и услужно друштво „ВЕЈС-КОМ“ ДООЕЛ експорт-импорт Центар Жупа.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.

Лавдурим Вејселовски постапил согласно бараното од страна на Државната комисија, односно направил промена на управителската функција на наведеното трговско друштво, но за нов управител на трговското друштво – Градежно, производно и услужно друштво „ВЕЈС-КОМ“ ДООЕЛ експорт-импорт Центар Жупа, го назначил лицето Цено Вејселовски, кое е негово блиско лице, по што повторно се ставил во состојба на судир на интереси, за таа цел Државната комисија, повторно се обрати до Лавдурим Вејселовски со барање да превземе чекори во насока на отстранување на утврдените повреди на член 9 в.в. со член 3 став 1 алинеја 5 од Законот за спречување судир на интереси, на начин што од ова лице побара во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето, да постапи по укажувањето на Државната комисија.

Лавдурим Вејселовски не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста.


15.06.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Исни Сума и Муса Муслија поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси:

Исни Сума– повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата Член на Надзорен одбор во Јавно Сообраќајно Претпријатие - Скопје ја извршува и функцијата управител на трговско друштво –ДТУ „ДАРДАН ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ ДООЕЛ, Скопје.

Муса Муслија – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Одбор на директори во АД „Водостопанство на РМ“ – Скопје ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – ДПТГ ПРО – ИНЖЕНЕРИНГ ДОО експорт –импорт Тетово.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на функцијата управител на трговското друштво со што ќе ја отстранат повредата на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси.

Исни Сума и Муса Муслија не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да и се изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведените лица со цел нивно објавување во јавноста.


04.05.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Филип Секулоски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси

Имено, службеното лице, покрај функцијата Член на Управен одбор на ЈКП „Комуналец“ - Прилеп ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – ДППУТ „САМ САР“ – увоз – извоз ДООЕЛ Прилеп.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажe од извршување на функцијата управител на трговското друштво со што ќе ја отстрани повредата на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси.

Филип Секулоски не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 

Во контекст на наведеното Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведените лица со цел нивно објавување во јавноста.


04.04.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Љубомир Јосифовски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси.

Имено, избраното лице, покрај функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за обработка на податоци, хостирање и слични дејности „ИНФОГРУП“ ДОО Скопје.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажи од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.

Љубомир Јосифовски не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување на судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 

Во контекст на наведеното Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведените лица со цел нивно објавување во јавноста.


13.03.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Никола Зафиров и Осман Мислими поради кумулација на функции и тоа:

1) Никола Зафиров – кумулација на функции – истовремено со функцијата член на орган за надзор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Неготино ја извршува и функцијата член на Управен одбор во ЈП Комуналец Неготино.

2) Осман Мислими - кумулација на функции – истовремено извршува три функции и тоа: член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие за државни патишта, член на Надзорен одбор на Агенција за катастар на недвижности и член на Надзорен одбор во АД „Славија“ увоз-извоз, Скопје.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на една од двете, односно две од трите функции, кои истовремено ги извршуваат со што ќе ја спречат состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.

Никола Зафиров и Осман Мислими не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да им изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Во контекст на наведеното Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведените лица со цел нивно објавување во јавноста.

 

 


03.03.2016  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Неџат Исмаили, Шукрија Туфекџиоски и Ристо Јошев поради повреда на член 9 и член 20 став 1 и став 2 од Законот за спречување на судир на интерси и поради кумулација на функции – извршување на две функции истовремено и тоа:

 

  1)Неџат Исмаили – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Маврово и Ростуше на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија угостителство, транспорт, градништво и услуги „БАБЕ КОМЕРЦ Н.И.“ ДООЕЛ, експорт-импорт с.Жировница, Маврово и Ростуше.

  2)Шукрија Туфекџиоски - член на Совет на Општина Кичево – повреда на член 9 во врска со член 3 став 1 алинеја 5 од Законот за спречување на судир на интереси, бидејќи за управител на трговско друштво-Друштво за трговија, производство и услуги Шукрија Туфекџиоски „ШУКО ГРОС“ ДООЕЛ увоз-извоз Кичево, како нов управител ја назначил Ајтен Туфекџиоски, по што според Законот за спречување на судир на интереси и гореспомнатиот член од истиот закон таа е блиско лице.

 

·  3)Ристо Јошев - член на Совет на Општина Росоман – повреда на член 9 во врска со член 3 став 1 алинеја 5 од Законот за спречување на судир на интереси, бидејќи за управител на трговско друштво-Друштво за трговија и услуги „РИА“ ДООЕЛ увоз-извоз Росоман, како нов управител ја назначил Јана Јошева, по што според Законот за спречување на судир на интереси и гореспомнатиот член од истиот закон таа е блиско лице.