Вие сте овде:

Соопштение

Во насока на унапредување на антикорупциското законодавство, а со цел јакнење на превенцијата и борбата против корупцијата и судирот на интереси и  зајакнување на интегритетот на институциите, истовремено исполнувајќи ги препораките на ГРЕКО и насоките од УНКАК , Државната комисија за спречување на корупцијата и Министерството за правда со поддршка на ИПА проектот Јакнење на националните капацитети за борба против корупцијата и организиран криминал, организираат Панел дискусија: Модели на антикорупциски тела.

На истата покрај високи претставници од законодавната и извршната власт ќе присуствуваат и претставници од Литванија, Словенија и Црна Гора кои ќе дадат осврт на нивните анти-корупциски тела и предизвиците со кои се соочуваат во функционирањето.

Панел дискусијата ќе се организира на 10.05.2018 година (четврток) во хотел Солун, Скопје со почеток од 9,30 часот.