Вие сте овде:

ДКСК одржа работна средба со УСАИД

Државна комисија за спречување на корупцијата одржа состанок со IMPAQ International, организација која е ангажирана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) за спроведување на надворешна евалуација на аспекти од портфолиото на УСАИД/Македонија во областа на демократијата и владеењето на правото, како и сродни активности.

 На средбата се разговараше за меѓународната соработка на Државна комисија за спречување на корупцијата, проектите и активностите кои ги реализира овој период како и за можноста за идна соработка и поддршка од УСАИД/Македонија во областа на превенција на корупцијата, судирот на интереси, заштита на укажувачите и лобирањето.

 Исто така, на состанокот се разговараше и за проблемите и ограничувањата со кои се соочува Државна комисија за спречување на корупцијата , а во голема мера влијаат на ефикасноста на нејзиното функционирање, како што се намалениот буџет и неопходната потреба од зголемување на човечки и технички ресурси во Секретаријатот на Државната комисија.